На регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта, вчера околу 15.20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеад Кордоба“ со охридски регистерски ознаки управувано од 22- годишно лице од струшкото село Подгорци и моторцикл „Сузуки“ управуван од 20- годишен жител на село Октиси.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Специјалната Болница „Св.Еразмо“, каде што околу 17.20 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица- Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
OhridNews