Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден во струшко се случиле две сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Првата сообраќајна незгода се случила во 17.10 часот на регионалниот пат Струга- Дебар, во струшкото село Велешта.Во незгодата учествувале автобус „Сетра“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице од Велешта, и велосипед со мотор „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од лице од Корошишта. Во незгодата, возачот на велосипедот со мотор се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на ребра), и е пренесен во струшката болница, од каде е префрлен во болницата „Св. Еразмо“, но поради сериозноста на повредите потоа бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

 

Втората сообраќајна незгода се случила во 17.20 часот на регионалниот пат Струга- Дебар, кај Велешта, во која жител од селото управувајќи моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, удрил во пешак.Во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди (фрактура граден кош и други фрактури). По укажаната лекарска помош во болницата во Струга, жената била префрлена во Болницата „Св. Еразмо“ за понатамошно лекување.

OhridNews