На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишно лице од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 57-годишно лице од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од Прилеп, додека со телесни повреди се здобиле возачот од Охрид и неговите сопатници 24, 38, 38 и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
OhridNews












