На 21.09.2026 во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот .„Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 45-годишно лице од Охрид и товарно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 46-годишно лице од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид, информираат од СВР Охрид.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
OhridNews












