Носителот на независната листа на советници Даниел Огненоски, избори место во носвио состав на советот на општина Дебрца, кој ќе биде конституиран наскоро.
Огненоски освои 313 гласа, доволни за 4-годишен советнички мандат. Тој ќе биде исклучително значаен чинител на 11-члениот совет, од причина што двете големи коалиции предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ освоија по 5 советнички места.
Независниот советник Огненоски им се заблагодари на сите жители на општина Дебарца кои го дадоа својот глас за него и неговата советничка листа.
-Да се гласа за независна советничка листа во споредба со две силни политички партии треба да се има пред се храброст, а такви храбри луѓе живеат во Дебрца. И затоа уште едно силно благодарам од мене и од дружината која работеше на овој проект, за храброста на жителите на Дебарца, кои не подлегнаа на силните притисоци.-изјави Огненоски.
Тој истакна дека со освоеното едно советничко место наспроти коалициите на СДСМ И ВМРО ДПМНЕ кои имаат по пет, ќе делува независно, без оглед која политичка партија ќе добие Градоначалник во вториот круг на изборите на 7 април.
-Јас како советник во Дебрца ќе ги поддржувам сите проекти кои нашата општина ќе ја прават Европска. Ќе ги бранам интересите на младите, затоа што силата е во младите.-рече Огненоски.
Тој не ја исклучува можноста за постизборна поддршка на некоја од политичките опции во советот на општина Дебрца.