Во соседна Србија потврдени се нови седум случаи на коронавирус со што вкупниот број на заболени е 12.

Од последниот извештај, синоќа во 18 часот, до утрово во 8 часот, тестирани се примероци на 13 лица, од кои седум биле позитивни и шест негативни на коронавирус. До денеска во 8 часот во националната референтна лабораторија на Институтот „Торлак“ тестирани се вкупно 130 лица, кои ги исполнувале критериумите за дефиниција на случаите.

Српското Министерство за здравство упатува апел до граѓаните за поголема одговорност и почитување на препораките.

OhridNews