Во среда, 12 август, на подрачјето на општина Струга ќе се спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.

Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 20:00 часот до рано наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување, а со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места, информираат од Општина Струга.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, посочуваат.

OhridNews