На пригоден настан, што ќе се одржи во среда, 28 јануари, во „Кадмо бар“, Охридњуз по 12 пат ќе ја промовира Годишната ревија на настани и ќе ги врачи признанијата на успешните охридски приказни кои се пример во заедницата.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на дигиталните платформи на Охридњуз со почеток во 19:00 часот.
Печатеното издание на Годишна ревија на настани 2025 на OhridNews што го изработи печатницата „Коста Абраш“, во наредниот период бесплатно ќе биде дистрибуирано до читателите, а на нашиот портал ќе биде достапна и дигитална верзија.
OhridNews












