Од локалната самоуправа, најавуваат дека во среда 15- ти и четврток,  16- ти јуни, ќе се врши запрашување против комарци.

Од локалната самоуправа ги известуваат пчеларите, во текот на овие два дена, додека се врши запрашувањето, да не ги пуштаат пчелите од кошниците.


Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Запрашувањето ќе се врши доколку  временските прилики, во планираните денови, бидат погодни, нагласуваат од локалната самоуправа.

OhridNews