Новиот трговски центар Охрид Мол ќе ги отвори вратите за посетителите во среда, 28-ми мај. Со површина од над 17.000 м2 и внимателно одбрани содржини усогласени со потребите на потрошувачите, новиот трговски центар во Охрид се очекува да го редефинира концептот за пазарување, но и да има позитивно влијание врз локалната економија и развојот на овој дел од градот.
Во Охрид Мол присутни ќе бидат познати модни брендови како “NewYorker” и “Sinsay”, потоа “D Sport” кој ќе биде најголемата спортска продавница во Охрид, како и еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа, “DM drogerie markt”.
Дел од Охрид Мол ќе бидат и познатиот македонски ланец на маркети “Жито”, “Meга Фешн” – мултибренд аутлет на брендовите од групацијата Inditex – Zara, Massimo Dutti, Bershka и сл, “Office Plus”, “Duki Daso”, “Sara Fashion”, “Виа Фарм”, експозитура на Хaлк Банка, тобако продавница “La Familia”, парфимерија “Piano”, “IQOS”, “Umbrella”.
Во однос на забавните содржини, “Уно” – досега најголемата игротека во градот со површина од преку 1.300m2 и вклучен lounge бар, ќе обезбеди забавно и безбедно катче за семејствата и нивните најмали членови, со таргетирана група од 2-13 годишна возраст. Дополнително, забавните содржини ќе ги збогати и “Playpark”, добро познат турски бренд, кој ќе понуди интересни активности за децата од школска возраст, односно над 7 години.
Од областа на гастрономијата, “Nocciolino Lounge Bar”, ќе биде место за релаксација на посетителите, нудејќи италијански вкусови на храна. Охрид Мол располага со сопствен паркинг за над 250 возила, авто перална, продавница за домашни миленици, цвеќара, гифт шоп, мобилара и останати придружни сервисни услуги.
Се очекува трговскиот центар да генерира над 200 нови работни места – како директно преку продажните и услужните дејности во истиот, така и индиректно преку логистиката, услугите и снабдувањето. Со привлекување на голем број посетители, како и туристи од соседните региони, трговскиот центар ќе стане значаен двигател на економската активност, придонесувајќи за заживување на овој дел од градот. Дополнително, значаен придонес кон атрактивноста на локацијата се очекува и од планираното доаѓање на маркетот LIDL.
OhridNews