Владо Бучковски, Љупчо Зиков и Минчо Јорданов, во среда официјално ќе ја промовираат својата Граѓанската иницијатива за позитивна Македонија, пренесува „Макфакс“.
„Во Позитивна Македонија сме здружени, и обединети граѓани од град и од село! Ние знаеме што треба,и како треба да ја направиме посилна, поуспешна и попривлечна нашата Татковина Македонија! Да ја направиме Македонија земја на можности за сите кои сакаат да живеат, да работат, да создаваат семејство и свое огниште овде! Дома. Големи можности за сите без разлика на пол, вера, националност и други разлики…
Затоа, почитувани наши пријатели би биле пресреќни да ни се придружите на патот на остварувањето на оваа благородна и благословена мисија …“, стои во соопштението од Иницијативниот одбор.
извор:„Макфакс“