Во среда слетува првиот авион на ТУИ eрвејс од Манчестер на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, информираат од ТАВ Македонија.

На настанот кој ТАВ Македонија го организира за одбележување на двете нови сезонски авиолинии од Манчестер и од Лондон со TUI Airways Велика Британија, предвидена е и церемонија за добредојде со воден мост, пречек на патници, сечење лента и фотографирање на аеродромската платформа.

Според најавите на насатнот ќе се обратат Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, Крис Логан, извршен директор на TUI Airways Велика Британија за скијање, езера и планини како и министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски.

OhridNews