Конкурсoт за изработка на идејно решение за лого на OhridNews, завршува на 5-ти јуни. До тогаш заинтересираните можат да ги испраќаат идејните решенија на e-mail: [email protected].
Логото за интернет порталот OhridNews треба да биде оригинално и уникатно, едноставно и да се идентификува со концептот на медиумот. Пожелно е исто така да ги содржи препознатливите бои на порталот сина, бела и портокалова, но се дозволува дизајнерска слобода во изборот на идејни решенија
Идејното решение за логото задолжително треба да биде изработено и во Autodesk 3Ds Max според туторијалот зададен од тренинг центарот “www.autodeskmakedonija.com”, со чија соработка ќе биде реализиран конкурсот:
ТУТОРИЈАЛОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА 3Д ЛОГО
За најдоброто лого OhridNews и “Аутодескмакедонија”(единствен Авторизиран Тренинг Центар за Македонија) , ќе обезбедат парична награда во висина од 3.000 денари и стипендија за еден курсист кој ќе ја освои првата награда на овој конкурс. Авторот на логото ќе биде наведен во импресумот на интернет порталот OhridNews.
Изборот ќе биде јавен и ќе се спроведе по пат на гласање на Facebook, а конечната одлука ќе ја донесе стручна комисија.
Заинтересираните своите идејни решенија ќе треба да ги испраќаат на следниот e-mail: [email protected], најдоцна до 5-ти јуни 2013 година. Гласањето за новото лого на OhridNews ќе се изврши од 5-ти до 12 јуни, а изборот ќе биде објавен на 15 јуни 2013.
Правила за учество:
-На конкурсот за избор на ново лого на интернет порталот OhridNews може да учествуваат сите граѓни на Р. Македонија и лица со регулиран престој во државата, како странски студенти и слично.
-Изработувачот со учество на конкурсот се согласува да ги отстапи авторските права за користење на изработеното лого на интернет медиумот OhridNews за реализација на маркетиншки активности предвидени со конкурсот, јавно гласање, и понатамошна употреба во сопствени цели, вклучително и негов доработка или преработка. Согласноста учесниците на конкурсот ја даваат по електронски пат, односно од валидна е-mail адреса, од која ќе го испраќат идејното решение за конкурсот.
-Изработувачот на победничкото лого ги освојува наградите: парична награда во висина од 3.000 денари и бесплатен курс од тренинг центарот на “www.autodeskmakedonija.com”, a со договор ќе ги отстапи авторските права за користење на логото на сопствените потреби на интернет медиумот www.ohridnews.com.
-За информирање околу изработката на 3д логото секој учесник може да ја посети веб страната www.autodeskmakedonija.com на која во следниов период ќе објавиме детален видео туториал за изработка на 3Д Лого.
Секој учесник следејќи го туторијалот детално ќе биде во можност да учествува во креирањето на уникатно лого.