Во текот на вчерашнот ден, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски,  увиде до каде се градежните зафати за изградба на заштитниот ѕид на реката во селото Средорече.

За изградбата на овој ѕид се издвоени 700 000 денари од општинскиот буџет, а како што велат од општина Дебрца целта е да не се повторат поплавите од минатите години, кога за време на обилните дождови доаѓаше до прелевање на реката.

OhridNews