Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во сабота на 25 мај ќе биде промовирана книгата „Сетило на врв планина“, илустрирано житие на Света Спаса Вишенска. Автор на делото е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустратор Викторија Попоска.

Иницијативата, вели уредникот на книгата отец Александар Димоски, произлегла на минатогодишната прослава на Света Спаса Вишенска во разговор со авторката. Истото се се состои од седум поглавја, со по два цртежи или вкупно четиринаесет цртежи

На минатогодишната прослава се појави идеја да го адаптираме житието на Света Спаса да биде достапно и разбирливо за деца. Житието е опширно, но од разговорот со авторката произлезе идеја да се скрати и да се доближи до децата, посочува Димоски.

Книгата, нагласува, е авторско дело на Кантарџиева – Димков, која на свој начин го скратила житието на Света Спаса, во седум поглавја и го опиша целото прилагодено како свое видување за да го доближи до најмладите читатели. Истото е иустрирано од струшката уметница Попоска.

Инаку, проектот е реализиран со средства од Министерството за култура преку програмата за писатели и според отец Димоски, е една од последните работи благословени од сега починатиот митрополит Тимотеј.

OhridNews