Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во сабота на 25 мај ќе биде промовирана книгата „Сетило на врв планина“, илустрирано житие на Света Спаса Вишенска. Автор на делото е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустратор Викторија Попоска.

На минатогодишната прослава се појави идеја да го адаптираме житието на Света Спаса да биде достапно и разбирливо за деца. Житието е опширно, но од разговорот со авторката произлезе идеја да се скрати и да се доближи до децата, посочува Димоски.
Книгата, нагласува, е авторско дело на Кантарџиева – Димков, која на свој начин го скратила житието на Света Спаса, во седум поглавја и го опиша целото прилагодено како свое видување за да го доближи до најмладите читатели. Истото е иустрирано од струшката уметница Попоска.
Инаку, проектот е реализиран со средства од Министерството за култура преку програмата за писатели и според отец Димоски, е една од последните работи благословени од сега починатиот митрополит Тимотеј.
OhridNews











