Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) утре, 21 февруари, со почеток во 12 часот, во хотел „Дрим“ во Струга, организира јавна седница на Комисијата за жалби. Членовите на Комисијата ќе дискутираат за добиени жалби за новинарско известување.
Целта на јавната седница е медиумите и јавноста одблиску да се запознаат со работата на Комисијата за жалби при Советот на етика, која од своето формирање пред четири години има донесено 355 одлуки.
Ваквиот тип на јавни седници ќе биде императив на Советот за етика и во понатамошното дејствување и промовирањето на саморегулацијата во државата.
OhridNews