Локален форум посветен на подобрување на меѓуетничкиот дијалог и на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците- КОМЗ, ќе се одржи денеска во Струга.
Целта на овој локален форум е да се слушнат мислењата и ставовите на сите засегнати страни и тие да се преточат во конкретни законски решенија што ќе ја подобрат работата на локалните комисии.
Коалицијата се залага за подобрување на одредбите на Законот за локална самоуправа што го регулираат местото, улогата, начинот на формирање и функционирањето на општинските Комисии за односи меѓу заедниците (КОМЗ). Овие комисии се појдовната основа за дијалог и меѓусебно разбирање меѓу различните етнички заедници во процесот на градење интегрирано, мултикултурно, демократско општество и директно произлегуваат од одредбите и духот на Охридскиот рамковен договор.
Во Струга дебата посветена на подобрување на меѓуетничкиот дијалог
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com