На првиот ден од проекциите стружани имаа можност да ги проследат филмовите “Волшебниот рид“ – Петар Џуровски и “Трагачи по звукот“ – Сузана Диневски, а ќе следуваат и :
“Плати и жени“ – Атанас Георгиев (16.06.2013), “Нашите во Стамбол“ – Елизабета Конеска (17.06.2013), “Шнајдерките“ – Билјана Гарванлиева (17.06.2013), “Луѓе без земја“ – Марко Ѓоковиќ (18.06.2013), “Далеку од дома“ – Чедо Поповски (18.06.2013), “Шарски зраци“ – Арбен Тачи (19.06.2013), “Горчина“ – Сенад Абдули (19.06.2013), “Чедо“ – Аљоша Симјановски (20.06.2013), “Корен“ – Ацо Ристовски, (20.06.2013), “Крв за крв“ – Астрид Омери (21.06.2013) И “Кадаре“ – Или Пепо (21.06.2013).
Почеток на проекциите е 20.00 часот, влезот е слободен.