За да се поттикне и да се засили јавната дебата за вистинското значење на пописот, како  и  за  нужноста  од  негово  итно  спроведување,  НВО  „Инфоцентар“ заедно со „Македонскиот центар за европско образование“, „Центарот за развој на медиуми“ и „8-ми Септември“, утре во општина Струга ќе организираат дебата на тема „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“.

Оваа дебата е дел од граѓанската кампања „Попис веднаш!“, во чии рамки ќе бидат организирани дебати и во Тетово, Битола, Струмица и Скопје.

Дискусијата ќе ја модерира Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот, а панелисти ќе бидат Бојан Маричиќ од МЦЕО, Афердита Хаџијаха Имери од регионалната организација „Лабораторија за општествени иновации“, Ардијан Демири од НДП и Еди Кела, раководител за меѓународна соработка при МУС.

-Се надеваме дека граѓаните ќе земат активно учество во дебатата затоа што во Македонија треба да се спроведе попис што е можно побрзо, зошто тој не смее да се третира само како етничко пребројување на населението и зошто пописот е клучниот предуслов  за  креирање  ефикасни  и  успешни политики во речиси сите сфери на општеството, велат организаторите на дебатата.

Дебатата се организира со финансиска поддршка на Фондацијата „Отворено општество Македонија“ преку Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

OhridNews