Во четврток, 18 октомври, со почеток во 12 часот во салата на Општина Струга, во организација на Коалицијата “За соживот” ќе се одржи локален форум на тема „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог“ и на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците- КОМЗ. Целта на овој локален форум е да се слушнат мислењата и ставовите на сите засегнати страни и тие да се преточат во конкретни законски решенија што ќе ја подобрат работата на локалните комисии.
 
Коалицијата се залага за подобрување на одредбите на Законот за локална самоуправа што го регулираат местото, улогата, начинот на формирање и функционирањето на општинските Комисии за односи меѓу заедниците (КОМЗ). Овие комисии се појдовната основа за дијалог и меѓусебно разбирање меѓу различните етнички заедници во процесот на градење интегрирано, мултикултурно, демократско општество и директно произлегуваат од одредбите и духот на Охридскиот рамковен договор.

OhridNews