„Современа законска легислатива за подобрување на економскиот раст“ е насловена конференцијата која од денеска до 15 ноември ќе се одржува  во Струга.

На отворањето на конференцијата предвидено е обраќање на директорката на Царинската управа на Република Македонија Наташа Радеска-Крстевска,  на тема: „Царинската управа на Република Македонија како поддржувач и олеснувач на економските активности“.

Следните денови учество ќе земат и експерти од Народната банка на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки и од Агенцијата за супервизија на осигурување.

ОhridNews