Со мини саем со творби и сувенири изработени од децата од здруженијата „ОРТУС“ и „ЦФДК“, забавна програма и сензибилизирачки марш „Со нас, не за нас“ денеска во Струга беше одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром – 21 март.

Целта на настанот, според Еди Кела од здружението за грижа на лица со посебни потреби „ЦФДК“ е подигање на јавната свест и лицата со Даунов синдром да го најдат заслуженото место во општеството.

Ниту дождот неможеше да не спречи да ја испратиме пораката од Струга и да се приклучиме кон мотото „Со нас, не за нас“. Да ја подигнеме јавната свест и да кажеме „Не се тие, туку сме сите заедно“. Време е за вистинска инклузија и денеска сме тука да дадеме силна порака дека тие се дел од нас и мора вистински да работиме да бидат дел од општеството и да си го најдат заслуженото место, рече Кела.

Стефан Малески од здружението „Порака нова“ посочува дека веќе 39 години се грижат за подобрување на квалитетот на лицата со Даунов синдром. Постојана поддршка добива и 34 годишниот Игор Шајновски, лиде со Даунов синдром, кој е 10-тина години го продава уличното списание „Лице в лице“.

Игор веќе три години е вработен продавач на уличното списание „Лице в лице“ и е работно интегриран. Ние како организација му даваме поддршка не само во продажбата, туку и во подобрување во неговите продавачки способности и неговата комуникација со граѓаните, истакна Малески.

Шајноски пак, вели дека со продажбата на списанието тој е самостоен, заработува и се интегрира во општеството.

Самостојно работам и заработувам преку продажбата на уличното списание „Лице в лице“. Тоа ја подобрува мојата перцепција и мојот живот. Поддршка добивам не смао од организацијата, туку и од граѓаните кои го купуваат списанието, со што прават да сум рамноправен со сите, нагласува Шајноски.

OhridNews