Во сабота на плажата „Версус“ во Струга, мото клубот „Мото Струга“ го организира традиционалното „Moto party Struga 2014“ по повод шестгодишнината од своето постоење.

Дефилето низ градот е закажано за 18:00 часот, со збирно место на плажата „Версус“.

За забавата ќе се погрижат „Бени&Нон Стоп“, „Нуклеарна панда“ и згодни танчерки, а за камперите е обезбедено место за кампување.

OhridNews