Во Струга, денес, се случи трагичен настан во кој загина дете. Според првичните информации, детето починало како последица на здобиени повреди по пад од петти кат од станбена зграда.

Засега нема информации околу возраста на детето и околностите во кои дошло до трагичниот настан.

Во тек е увид на местото на трагичниот настан.

OhridNews