На 23-ти септември од 20 часот, во Спомен-домот на браќата Миладиновци ќе се одржи поетско читање на авторите Роман Кисјов од Бугарија и Имануел Мифсуд од Малта.

Настанот се реализира во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, а во соработка со Струшките вечери на поезијата.

Покрај во Струга, Кисјов и Мифсуд ќе настапат и пред читателската публика во Скопје, Штип и Крушево.

OhridNews