Во петок, 20-т мај, во хотел Дрим во Струга од страна на претставници од Универзитетот на Мизури-САД, ќе се изврши презентација на програма за завршување средно училиште преку интернет. Презентацијата која е наменета за заинтересираните родители и ученици ќе трае од 18 до 19 часот.

Универзитетот на Мизури, САД е институција со долга образовна традиција, основан во 1839 година во Колумбија-Мизури. Нивната програма за добивање на диплома за завршено средно училиште од далечина започнала уште во 1913 година, а пред извесно време универзитетот започна и со спроведување на програма за средно училиште, целосно преку интернет.

Програмата е акредитирина од сите релевантни институции и е рангирана на 6. место во САД. Мизу К-12 (Mizzou К-12) нуди можност за завршување на американско средно училиште од дома само со помош на компјутер и проктор ( професор-ментор). Програмата за првпат ќе започне да се спроведува во Република Македонија од септември 2016 година.

OhridNews