На 11-ти септември во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, ќе биде промовирана новата книга „Нова приказна“ на писателката Мерсиха Исмалјоска.

Претходно, струшката писателка го промовира своето најново книжевно остварување пред охридската публика.

Инаку, Исмајлоска е родена во Струга. Магистрирала на тема од компаратистиката, теоријата на филмот и визуелните уметности, на која дисциплина е и докторант при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Својата окупација со проблемот на книжевното и визуелното ја пренесува и во работата со студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, каде работи во моментов.

OhridNews