Во Струга се формира Меѓународниот европски совет на Медитеранската академија за време на одржувањето на литературната манифестација „Година на есејот“ на која учествуваа есеисти, писатели и теоретичари од Русија, Хрватска, Србија, Бугарија и од Македонија, пренесува „Нова Македонија“.

За претседател е избран рускиот писател Анатолиј Анатолјевич Парпара, додека советот го сочинуваат академици, интелектуалци, бизнисмени, уметници, писатели и општественици од Европа и од светот.

OhridNews