Од 5 до 8 септември во Струга се одржува седмото издание на Меѓународниот младински шаховски фестивал „Езерска кралица“, во организација на Младинската шаховска школа „Струга“, под менторство на Ѓоко Котески. Фестивалот годинава обединува млади шахисти до 20 години од Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија, Косово и Германија.

Денеска, пред почетокот на петтото коло, фестивалот го посети градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, кој се сретна со организаторите и учесниците и го истакна значењето на ваквите меѓународни спортски настани за младите и за промоцијата на Струга.

Градоначалникот потврди дека Општина Струга ќе продолжи да го поддржува фестивалот, со цел „Езерска кралица“ да расте и да стане уште попрепознатлива традиција на нашиот град.

Преку спортот, дружењето и размената на искуства, „Езерска кралица“ е пример како младите од различни земји можат да се поврзуваат и заедно да создаваат нови пријателства, а Струга да ја зацврстува својата позиција како град на спортот, младите и меѓународната соработка, потенцираше Ќура.

OhridNews