Во Струга шест од деветмината кандидати за градоначалник денес потпишаа Кодекс за фер и демократски избори во просториите на Општинската изборна комисија.

Поголем дел од кандидатите се надеваат на позитивна, цивилизирана, демократска кампања и фер изборен процес.
- Ние сме тие што треба да испратиме позитивна порака дека граѓаните на општина Струга бараат поинаква кампања, поинакво менаџирање и заслужуваат повеќе. Сите кандидати и политички партии треба да се воздржуваат од клевети и било што што ќе им наштети на стружани и на кампањата, рече Ќира.
- Пред се ние сме сограѓани, сме живееле и ќе живееме тука и после изборите. Како што и доликува на Струга да го покажеме тоа во тек на кампањата и во целиот изборен процес, изјави Далипи.
- Се надевам на добра кампања, бидејќи Струга заслужува фер изборен процес во кој најдобриот треба да победи, нагласи Милески.
- Посакувам фер и демократска кампања без изборни измами и кражби, а го очекувам спротивното, изјави кандидатот на Работничката партија Петревски.
Независниот кандидат Палисоки се сомнева дека кампањата ќе биде фер и демократска, но остава тоа народот да го каже на крај.

Н.С.Ј.












