Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 8-ми ноември, среда, во црквата „Св.вмч.Георгиј“ во Струга, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.вмч.Димитриј Солунски-Митровден“.

Литургијата ќе започне во 8.45 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews