Македонско знаме било запалено денеска околу 15 часот пред зградата на општина Струга. Како што соопшти полицијата знамето го запалил Минир Исмаили од струшкото село Шум. Тој го донел знамето и го запалил пред општинската зграда , по што се одалечил од местото.

Набрзо Исмаили бил пронајден од страна на полицијата и приведен. Полициската станица во Струга работи на утврдување на мотивите за овој вандалски чин.

OhridNews