Деновиве во Струга започна десеттото јубилејно издание на меѓународниот арт фестивал „Езерски Бисери“.

На фестивалот, кој има и натпреварувачки карактер, учествуваат над 300 учесници од Бразил, Финска, Тајван, Унгарија, Украина, Русија, Белорусија, Израел, Казакстан, Молдавија, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија.

Целта на фестивалот е да се изнајдат млади таленти, на кои им се помага во натамошното образование, но и да се афирмираат пошироко.

Програма:

08 август
– 10:00 – 20:00 натпревар по класична музика – Дом на култура

09 август
– 10:00 – 13:00 мастер клас по клавир – конгресна сала на хотел “Бисер“
– 10:00 – 13:00 мастер клас по виолина – црвена сала на хотел “Бисер“
– 14:00 – 17:00 натпревар на театри – Дом на култура
– 19:00 концерт на победниците од натпреварот по класична музика – црква “Света Богородица“, Калишта

10 август
– 10:00 – 21:30 натпревар по естрада, кореографија и фолклор И ден – Дом на култура

11 август
– 10:00 – 21:30 натпревар по естрада, кореографија и фолклор ИИ ден – Дом на култура

12 август
– 10:00 – 13:00 мастер клас по естраден вокал – конгресна сала на хотел “Бисер”
– 21:00 Церемонија на доделување на награди – Дом на култура

13 август
– 21:00 Гала концерт – Дом на култура

OhridNews