Од денеска до 1-ви септември во хотелот „Бисер“ во Струга започнува  работилницата „Нато и регионалната безбедност на Западен Балкан“.

На работилницата ќе бидат присутни експерти од оваа област, меѓу кои Золт Рабаи од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, министерот за одбрана Талат Џафери, одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија, универзитетски професори од земјите од Западен Балкан, Македонија и други.

Во рамките на 4 дневната сесија ќе бидат обработени неколку теми од областа на безбедноста на земјите од Западен балкан и меѓусебната соработка на ова поле.

Настанот го организира „Маршал центар-Република Македонија“, Алумни асоцијацијата во соработка со Секторот за јавна дипломатија на НАТО Алијансата и Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К.Маршал„ од СР Германија.

OhridNews