Годинашната средба на здруженијата на граѓани од областа на животната средина која се одржа во Струга, ќе биде свечено затворена денес.

Министерот за животна средна и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, на завршната дискусија ќе ги изнесе заклучоците и препораките кои произлегле од работните групи.

Средбата која започна петокот, е во организација на Македонскиот зелен центар, како дел од проектот „УСАИД – Општински стратегии за климатски промени“. Исто така со своја подршка зад овој план, стои и ресорното министерство и УНДП во земјава.

OhridNews