Од интерното одделение при Општата болница во Струга, вчера, во 6.44 часот, во струшката Општа болница било пријавено дека на одделението било донесено затруено лице, кое не е контактибилно. По преземените мерки било констатирано дека се работи за 33- годишен стружанец.

Поради сериозноста на здравствената состојба, истиот бил пренесен во КЦ Скопје – Оддел за токсикологија, каде е задржан за понатамошно лекување. Се превземаат мерки за расчистување на настанот.

OhridNews