Жителите од Македонци од струшкото село Мислешево, денеска, напладне, поставија 25 метарски јарбол со државното знаме непосредно до регионалниот пат Охрид – Струга. Тие го поставија јарболоти покрај негативниот одговор на нивната иницијатива од страна на надлежните служби.


Јарболот е поставен на приватен имот со одобрение од сопственикот на местото.

-Ова знаме ќе се вее со векови, а ако некој се обиде да го сруши подготвени сме да поделиме 1000 знамиња на секоја православна куќа во Мислешево. Сите треба да се чувствуваат државјани на РМ, не делиме никого. Сите заеднички треба да живееме под едно знаме како американците што живеат под едно американско знаме.-изјави Стрезо Јовчески, член на иницијативниот одбор за поставување на јарболот со државното знаме во Мислешево.

 

Од општина Струга информираа дека поставувањето и истакнување државно знаме, како и други национални и симболи на заедниците кои живеат во Република Македонија е уредено со посебен закон, според кој самоиницијативно не може да се постави знаме на РМ, без разлика дали се работи за државен или приватен имот.

OhridNews