Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Скопје,како и две лица од струшките селаВелешта и Корошишта.
Пријавените во текот на септември оваа година во два објекти во селото Велешта, организирале и приредувале игри на среќа во форма на спортска кладилница без издадена лиценца, односно дозвола од надлежниот орган. Во истиот период, едниот пријавен тоа го направил во објект во селото Корошишта,сопственост на неговиот татко. На 30-ти септември годинава, полициски службеници од криминалистичката полиција од Струга заедно со даночен инспектор од УЈП, извршиле контрола во сите објекти.
Притоа тие утврдиле дека пријавените немаат дозвола од надлежен орган за таква активност, односно дека приредувале игри на среќа без лиценца.
OhridNews