Од МВР информираат дека вчера, во 18,45 часот било пријавено дека во струшкото село Франгово во основното училиште „Агим Агуши“ на избирачко место бр.1880, дошло до нарушување на јавниот ред и мир и омаловажување на полициски службеник од Полициската станица Струга.

Имено во ходникот од училиштето дошла група од околу десетина граѓани, меѓу кои и 49-годишно лице од село Шум, кое влегло во избирачкото место и вербално го нападнал претседателот на избирачкиот одбор околу полнењето на кутиите.

Веднаш е реагирано од страна на полициски службеник, но пријавениот почнал и него да го навредува и агресивно да се однесува. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.

OhridNews