На предвремените парламентарни избори во општините Струга и Вевчани право на глас имаат 61.936 граѓани. Во општина Струга во Единствениот избирачки список запишани се  59.713 граѓани, додека во Вевчани 2223. Севкупно бројот на избирачи во струшко бележи пораст за над 2000 во споредба со изборите во 2009-та.

Правото на глас граѓаните во Струга ќе можат да го остварат на 78 избирачки места, а во Вевчани на три избирачки места.

OhridNews