Денес околу пладне, во семејна куќа во струшкото село Џепин дошло до семејна расправија во која таткото извадил пиштол и пукал најпрво во својот син, а потоа и кон внуката.

Од СВР Охрид информираат дека повредените лица се пренесени во Општата болница во Струга, а лицето кое пукало е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews