Министерството за образование информира дека резултатите од Конкурсот за прием на студенти, запишани на додипломски студии, во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од втора и повисоките години на студии се објавени. Во Студенскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, се примени 71 студент.
Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите.
Аплицирањето за студентите од прва година на студии започнува на 6 септември и трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1.249 места во студентските домови.
OhridNews












