На предавањето, пред студентите беа презентирани различни прашања во однос на управувањето со е-отпадот: како технологијата влијае врз животната средина, што тие може да сторат за намалување и спречување на создавање отпад настанат поради развојот на технологијата и како клауд-компјутингот помага за зачувување на животната средина и го подобрува функционирањето на општеството.
Работилницата ја одржа проектниот координатор на Метаморфозис, Елена Игнатова.
– Денешното предавање беше мотивирано од неодамнешното стапување во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема, а со цел да се информираат студентите за нивните обврски кон правилно третирање на е-отпадот. Дополнително, студентите имаа можност да се запознаат со сите „зелени“ практики кои тие може да ги применуваат при планирање и создавање на идни (информатички) системи, изјави Игнатова.
Ова е само еден од низата настани предвидени од УИНТ во доменот на општествената одговорност, грижата за локалната заедница и животната средина.