Во Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“,  денеска стартува третиот по ред  24-часовен маратон во програмирање, Codefest.

Учесниците имаат можност да се докажуваат во програмирање на било која Microsoft платформа, а целта е на едно место да се соберат сите ентузијасти кои со своите продукти ќе парираат на пазарот.

Иницијатори на маратонот се студентите Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама, а нивните очекувања се дека од него ќе произлезат практично употребливи апликации.

Ментори и оценувачи на настанот се професионални дизајнери и програмери, кои ги следат натпреварувачите во различни аспекти. Се оценуваат повеќе елементи, како дизајн, интеграција на платформи, искористливост на функционалности и слично.

OhridNews