Во организација на Македонската православна црква и фестивалот „Охридско лето“, по повод празникот на сесловенските просветители, на 24-ти мај, со почеток во 19.30 часот во катедралната црква Света Софија ќе се одржи концерт на растечката генерација македонски пијанисти под под уметничко раководство на проф.д-р Ана Гацева и проф. М-р Даниел Чуркоски. Влезот е бесплатен.

Пред концертот ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиј во градскиот парк.

OhridNews