Во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023, информираат од Министерство за земјоделство шумараство и водостопанство П.Е.Охрид.

Апликациите може да се поднесат електронски преку порталот https://e- subvencii.ipardpa.gov.mk или директно во канцеларијата на МЗШВ подрачна единица Охрид каде што ке добиете повеќе информации за програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023, велат во соопштението.

Воедно потсетуваат дека рокот за електронското аплицирање е отворен до 30 јуни.

OhridNews