Во тек е конзервацијата на архајското богатство од Kорошишта
17.07.25 14:27
Музејскиот археолошки материјал од локалитетот Расница, кај струшкото село Корошишта се заштитува и конзервира од тим на Археолошкиот музеј на Македонија.
Наодите од овој локалитет минатата година го привлекоа вниманието на јавноста со епохалното откритие на архајска некропола. Меѓу највпечатливите, како што информира Археолошкиот музеј, се: бронзен шлем со златни апликации, златен прстен, пекторал и фолии, килибарни мониста, сребрен кантарос и бронзени садови (каулдрон, поданиптер, оинохое), теракотни фигурини…
Овие артефакти не само што ја потврдуваат датираноста на некрополата во архајскиот период, туку и ја поврзуваат со богатата култура на Требенишката некропола. По завршувањето на конзервацијата, наодите ќе бидат јавно презентирани во Археолошкиот музеј во Скопје, стои во информацијата.
Проектот се реализира во соработка меѓу Археолошкиот музеј и Заводот за заштита на културното наследство и музеј од Охрид, што, како што соопшти Археолошкиот музеј, уште еднаш ја потврдува важноста на меѓуинституционалната соработка во заштитата на културното наследство.
Тимот што работи на проектот се д-р Перо Арџанлиев, кустос советник-раководител на проектот, Билјана Балева-виш конзерватор, Емилија Димковска-виш конзерватор, Никола Патчев-виш конзерватор, Гордана Младеноска-конзерватор и Климент Балев-препаратор.
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија, по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава Со воведувањето на новата пр...
Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2026 година, ќе поддржи предлог идеи на п...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ Пријавениот, на катастарска парцела узурпи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.