Во тек е крводарителска акција во просториите на СВР Охрид под мотото „Дарувај крв, дарувај живот“ која ќе трае до 13 часот.
Ги покануваме сите вработени во СВР – Охрид да ја искажат својата хуманост, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од Црвен крст Охрид.
Акцијата е во рамки на програмата за крводарителски акции за 2023 година на Црвен крст Охрид.
OhridNews