Во тек е крводарителската акција во Центарот за култура Григор Прличев – Охрид.
Поради зголемените потреби од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција денес во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10-14 ч.
Од Црвен крст Охрид ги повикуваат нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.
OhridNews












